Тренд // Стил
Роберто Кавали ја претставува својата визија за рајот: Парфемот за мажи Paradise Found
- 04 Февруари, 2021
Дизајнерот Роберто Кавали неодамна го промовираше својот последен парфем за мажи
Познатата модна куќа го претстави Paradise Found или во превод Рајот е пронајден, кој го создаде парфемерот Жан Христов.
Вуди мирисот содржи врвни ноти на семе од пименто и зелени акорди. Средните ноти на кашмир, жалфија и пачули, ги придружуваат амбра и мошус.
Парфемот заживеа со помош на нова кампања, фотографирана од Надин Ајвер.
Добивајќи ја главната улога, Марлон Тешеира е во фокусот на новата кампања. Ова не е прв пат славниот модел да соработува со куќата Роберто Кавали - тој беше заштитно лице на Џаст Кавали , а нему му се придружи и Маријакарла Босконо.