Роботи го истражуваат светиот грал на ловците на богатство: Потонатиот брод со смарагди и злато вредни 17 милијарди долари
Колумбиската влада започна со истражување на остатоците од галеонот Сан Хозе, по кој трагаат Шпанија, домородците и американска компанија
Нови артефакти се откриени меѓу остатоците од легендарниот шпански галеон Сан Хозе. Ова го соопшти владата на Колумбија по првото роботско истражување на бродот кој потона во 1708 година, кој со векови се смета за свет грал на ловците на богатство.
Властите во февруари објавија дека ќе почнат да извлекуваат предмети од остатоците на бродот, за кој се верува дека во моментот кога потонал превезувал богатство во вредност од 17 милијарди долари, пишува Yahoo!
- Резултатите од ова истражување открија невидени археолошки докази, значително ги проширија нашите знаења - соопштија од институцијата која се занимава со истражување на потонатиот брод.
Се вели дека роботот ги испитувал остатоците, чија локација е тајна откако беше откриен во мај 2015 година.
- Концентрацијата на археолошки остатоци е забележана во 2022 година на просторот околу потонатиот брод, а најновите истражувања ни овозможија да погледнеме одблизу на сè и да откриеме нови, изолирани елементи - се наведува во соопштението.
Меѓу артефактите има сидро, како и делови од шишиња и чаши.
Колумбиската морнарица спроведе четири кампањи за проучување на потонатиот брод со најсовремена опрема во 2022 година. Сликите покажуваат дека бродот, меѓу другото, имал топови од леано железо, порцелан и златни предмети.
- Веруваме дека ќе биде можно да се откријат нови остатоци и да се продлабочи нашето знаење - изјави Аљена Каиседо, директорка на Институтот за археологија и историја во Колумбија.
„Сан Хозе“ бил брод од шпанската круна и бил потопен во близина на Картагина во 1708 година. Повеќето од екипажот од 600 луѓе не преживеале. Во моментот на потонувањето, бродот одел од Новиот свет кон Европа, а шпанскиот крал Филип V носел вистинско богатство, од ковчег со илјадници смарагди до околу 200 тони златници.
Шпанија ги бара остатоците од бродот според конвенциите на Обединетите нации, кои Колумбија ги нема потпишано, додека домородната група Кара Кара од Боливија смета дека богатството е нивно бидејќи им е украдено. Колумбиската влада смета дека извлекувањето на остатоците е неопходно од научни и културни причини, а се верува дека проектот чини 4,5 милиони долари.
Бродот го бара и американска компанија која тврди дека го пронашла бродот пред повеќе од 40 години и бара 10 милијарди долари пред судот на ОН.
Сан Хозе бил „лансиран“ во 1698 година и бил уништен на 8 јуни 1708 година за време на борбите во Војната за шпанското наследство.
(Телеграф Наука / Јаху! Вести)