Родена е во муслиманско семејство, па ја промени верата и родителите: Познатата пејачка порасна во сиромаштија и доживеа трагедија
Интересни детали од животот на Мина Костиќ никого не оставаат рамнодушен.
Иако денес има добро етаблирано име во светот на музиката, некогаш Мина Костиќ беше само една во морето талентирани пејачки кои го бараа своето место под сонцето. Нејзиниот пат до успехот беше трнлив, но трудот ѝ се исплатеше.
Израснала во сиромаштија и беда, а за тешкото детство неколку пати јавно зборувала и никогаш не се срамела од своето потекло.
Костиќ беше посвоена и одгледана од Дуда Ивановиќ, тетката на познатиот рапер Иван Ивановиќ Ѓус, со која Мина беше во реалното шоу „Фарма 2“, а подоцна сними и дуетска песна.
Мина и подоцна се соочила со бројни неволји во животот, а голема семејна трагедија ѝ го променила животот. Нејзината сопствена сестра се удавила во тинејџерските години.
- Една од моите сестри се удави кога имаше тринаесет години... Многу тешко поднесов. Тоа се случи во 1992 година. Кога и да помислам, тешко ми е, но си велам, можеби мораше да биде така. Претпоставувам дека така сакаше Господ. Тоа беше судбина – изјавила Мина во едно интервју, пренесува Блиц.
Иако потекнува од муслиманско семејство, Мина е православна христијанка.
- Сакам да се шегувам дека во нашата куќа владее голема хармонија, иако луѓето кои почитуваат различни религии живеат под ист покрив. Јас сум христијанин, брат ми е муслиман, а снаа ми е будистка. Таа станува во пет наутро и понекогаш му се моли на Буда два часа, сметам дека е убаво. Сите тројца се молиме секој ден – признала пејачката во една прилика и истакнала како ја доживува религијата:
- Многумина ќе речат дека верувам во Господ само во тешки моменти, но морам да ги разочарам бидејќи тоа не е вистина. Секој што ме познава подобро знае дека сум црковно ориентирана и дека мојата вера во Бог ми помогна во многу тешки ситуации.
Извор. Стил курирФото. Инстаграм