„Родена сум со машки и женски полови органи“: Мајка ми ме одгледа како момче, сега сум мажена, а мојот сопруг го „тролаат“ на социјалните мрежи

Морган Алија Вилијамс е родена и со машки и со женски репродуктивни органи, поради што денес често е мета на троловите на социјалните мрежи кои ја напаѓаат дека изгледа „како дечко во фустан“.

Имено, таа е родена интерсексуална, што значи дека имала целосно функционални машки и женски делови од телото. Нејзината мајка се обидувала да ја одгледа како момче во текот на нејзиното детство, но Морган се чувствувала како никогаш да не се вклопува.

View this post on Instagram

A post shared by Morgan Aaliya (@morgan.aaliyah_)


Откако се иселила од семејниот дом, конечно добила шанса целосно да ја разбере својата состојба, поради што одлучила да го живее остатокот од животот како жена. И бидејќи конечно се нурнала во светот на забавата - го запознала Кертис.

Морган му ја објаснила на Кертис нејзината состојба и фактот дека била идентификувана како „хермафродит“ уште пред да се запознаат, а по само пет дена врска - тие двајца се вериле.

- Добиваме многу љубов и омраза однадвор. Некои луѓе не се согласуваат со нас, но се додека се сакаме, тоа е единственото нешто што ни е важно, изјави Морган, а пренесува „Mirror“ од подкастот „Love Doesn't Judge“.

View this post on Instagram

A post shared by Morgan Aaliyah (@morgan.aaliyah_)


- Роден сум како хермафродит, интерсексуална жена. Тоа значи дека сум роден со машки и женски органи. Значи имам јајници и полни тестиси. Можам да забременам и да имам дете. Чудно е, но јас сум роден таков и почнав да си го сакам телото. Кога растев, мајка ми ме воспитуваше како син и ми беше тешко, се чувствував принудена и како да се преправам дека сум нешто што не сум. Едноставно се чувствував повеќе како жена, рече таа.

Парот добива бурни реакции на социјалните мрежи и често е мета на сурови тролови. Некои ја нарекуваат маж, додека други ја доведуваат во прашање сексуалната ориентација на Кертис.

Но, бурата уште повеќе се крена откако Морган објави дека е бремена, а наместо честитки доби непријатни коментари од типот дека изгледа како „фраер во фустан со труднички стомак“. За жал, радоста што ја почувствуваа очекувајќи дете беше краткотрајна бидејќи Морган го изгуби бебето, не можејќи да најде соодветен медицински третман.

Сепак, таа откри нешто позитивно во целото искуство и тврди дека споделувањето на нивната љубовна приказна на социјалните мрежи им помогнало на многу други интерсексуални луѓе да се инспирираат од нејзиното патување.

- Многу луѓе посегнаа до мене, велејќи ми дека и тие се интерсексуални, а тоа што јас сум толку отворена за себе им дозволив да не се чувствуваат сами и им дозволив да се чувствуваат како и тие да се важни, изјави Морган и заклучи дека нејзината приказна помогнала. многумина да „излезат од плакарот“ во кој се криеле.

„Секој има свое мислење. Едноставно е - има мизерни луѓе на светот, а мизеријата сака друштво", ја завршила Морган својата приказна.

Фото: Инстаграм
Извор: Кurir.rs