Автомобили // Автомобили
“Rolls-Royce и „Arcadia Droptail“: Во превод- „Рај на земјата“
Компанијата „Ролс-Ројс“ претстави неверојатен нов луксузен автомобил наречен: „Arcadia Droptail“. Овој автомобил е (веројатно) еден од најскапите во светот, неговото име преведено од старогрчката митологија значи „Рај на земјата“.
Оваа исклучително луксузна лимузина вреди неверојатни 30 милиони долари!
Овој единствен кабриолет од соништата е најскапиот нов автомобил во светот и е нарачан за неименуван клиент кој бил внимателно вклучен во сите фази на неговото создавање.
На една среќна, анонимна личност неодамна и беше претставен „Arcadia Droptail“ на приватна функција во Сингапур.