Спорт // Спорт
Роналдо вели дека е нормално да се заработува пола милион евра на ден
Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Ал Наср од Саудиска Арабија, изјави дека е среќен што може да го промовира фудбалот во оваа земја.
За Португалецот ова е прв клуб надвор од Европа во кој со бонуси ќе заработува околу 200 милиони евра годишно.
„Среќен сум што сум тука и немам проблеми за негативните коментари во врска со моето доаѓање овде. Горд сум што ја донесов оваа голема одлука за мене. Добив посебен договор, но секако и јас сум посебен, па затоа тоа е и нормално“, изјави Роналдо.
Според договорот кој е на две ипол години, Роналдо вкупно ќе заработи 500 милиони евра, а на дневно ниво тоа значи дека ќе инкасира по 547.945 евра.