Розман провокативна, но исклучително паметна: Под фустанот не се крие само задник
Високо профилирана личност. Има два факултети зад неа. Дарителка е на крв од кога знае за себе и несебично помага каде и да стигне. Приватно, има своја цвеќара во која ја внесува целата креативност. Нејзината чесност е во преден план, како и убавината што ја поседува.
Затоа ја крунисаа како најубава Македонка во 2015 година и не претставуваше на изборот за Мис на светот. Емилија Розман апсолутно нема предрасуди во поглед на своето тело. Не дека е навистина убава, туку дека своите атрибути треба и може да ги истакне. А, зошто би ги криела? На нејзините најнови фотографии изгледа одлично и го живее животот со полн здив.
Многу често шета надвор од земјава и постојано ја покануваат на големи светски настани за убавина. По Монте Карло, замина за Шпанија да се релаксира и да ужива во последните денови на летото.
Ја промени бојата и должината на косата, а тоа дополнително ја облагороди незината убавина.
Смета дека сите жени се убави и секоја има своја посебност која ја одвојува од другите.
Розман ја видовме во различни професионални ангажмани. Сто отсто профи, нема за неа невозможна мисија. Ако се бара да покаже повеќе од своето тело, таа нема дилема да се соблече. Но никогаш вулгарно и никогаш пренападно. Знае да ја дозира својата харизматичност, а да не биде погрешно разбрана. И да биде, таа со насмевка секогаш враќа.
А, дали ќе го истакне задникот или дали ќе покаже малку повеќе имагинација, може само да и биде предност во и онака извртениот свет.Небојша Толески