Руски билкари препорачуваат: Пијте го овој чај за смирување, ќе заборавите на таблети

Руски билкари препорачуваат пијалок од ова растение, кое е подготвено за берба и подготовка пред сушење во овој период од годината.

Активните супстанции во билните препарати не се агресивни и не доведуваат до формирање навика, што е нивна главна предност во однос на седативите.

Иако ова се природни состојки, треба да бидете внимателни и со нив. Хроничните пациенти треба да бидат највнимателни, бидејќи некои од споменатите растенија во поголема количина можат негативно да влијаат на пациентите кои имаат проблеми со срцето.

Ова растение е исклучително ефикасно за смирување во форма на топол чај или ладен пијалак, а во овој период од годината е подготвен за берба.

Кантарионот е лековито растение кое се користи против многу болести. Тоа е природен антидепресив кој го забрзува лачењето на мелатонин, кој уште се нарекува и хормон за спиење.

Чајот од кантарион е ефикасен седатив, кој помага во ублажување на нападите на паника, ненадејни промени во расположението и проблеми со спиењето. Редовното консумирање на овој природен пијалок целосно ќе го опорави нервниот систем по 4 месеци. Нема несакани ефекти, затоа се препорачува кантарион, бидејќи не предизвикува зависност.

Чајот за смирување и несоница од кантарион се одготвува лесно,една лажичка сушено цвеќе се става во 200 милилитри топла, свежо зовриена вода. Оставете да отстои десет минути и пијте 2 пати на ден.


Извор: novosti.rs

Можеби ќе ве интересира:

Лекарите сигурни: Оваа храна го намалува ризикот од карцином за дури 80 проценти