Рускиот психолог Михаил Лабковски: Не плашете се од среќата
Михаил Лабковски, психолог од Русија советува како луѓето да престанат да се жалат и да бидат среќни.
1. Не плашете се од среќата
Поголемиот дел од луѓето растеле во семејства коишто практикуваат неуживање во животот и каде членовите немаат навика да кажуваат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и смеат им се пренесува и на децата, кои започнуваат да мислат дека токму така функционира овој свет.
2. Престанете да се жалите
Што посакувате, кога се жалите некому за своите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не и да ги решите проблемите. Култот на страдање е единствено само наш изум. Како да е полесно да се пати, отколку да се живее среќно. Здравата личност или ќе ја прифати ситуацијата онаква каква што е, или ќе ја промени. Невротичната личност нема да го направи ниту едното, ниту другото.
Тоа се однесува и на физичката болест – додека психички здравата личност ќе се лечи од болеста, невротичната ќе сака да биде болна, бидејќи на таков начин ќе има причина за да се жали. Тоа е речиси како хоби – да се измисли некаков проблем, за потоа да се пати од него.
3. Разликувајте ги реалните проблеми од измислените
Разликата помеѓу здравата и невротичната личност е во тоа што првата личност се грижи за реалните проблеми, додека другата пати од непостоечките.
4. Не обидувајте се да им помагате на сите околу вас
Желбата да им помогнете на сите околу вас е предизвикана од стравот, дека не може да ве сакаат поради она што сте, па со помагањето на другите се обидувате да го подигнете нивото на својата самодоверба. Затоа, ако не ве замолиле да им помогнете, не нудете ја својата помош, туку посветете им се на оние на коишто и навистина им е потребна ваша помош.
5. Не одговарајте ако не сте прашани
Кога со зборови или дела одговарате на непоставени прашања, ја покажувате својата вознемиреност.
Еднаш минував со мојата девојка покрај продавница, а таа виде некаков фустан и ми кажа – “Колку убав фустан!”. А бидејќи јас не одговорив ништо, таа ми кажа – “Знаев дека си таков!”. Впрочем такво нешто би кажала секоја жена... Јас би и го купил тој фустан, ако таа ме прашаше, но ако во таква ситуација веднаш потрчате да платите на касата, тогаш сте несигурна личност.
6. Разликувајте ја љубовта од зависноста
Луѓето никогаш нема да го напуштат она што го сакаат. На пример - пушењето. Јас пушев 37 години, а последните 10 пушев по 3 кутии дневно. Кога докторот ми кажа дека сум болен, престанав да пушам. И тоа траеше 1 час и 40 минути. Престанав да пушам дури кога разјаснив со себе си дека не ги сакам цигарите, и дека не сум зависен од нив. Невротичните луѓе не може да ги разликуваат љубовта и зависноста.
7. Рутината не е секогаш лоша
Јас се занимавам токму со рутина (читам и предавам) веќе 37 години и се чувствувам прекрасно. Невротичните личности не можат да живеат на мира, се плашат дека нешто нема да стигнат да направат, завршуваат и по пет факултети, секогаш се вознемирени, чувствуваат непријатност ако не прават ништо.
8. Менувајте се себеси, а не другите
Тоа се однесува пред сè на одгледувањето на децата. Не може да ги принудите да прават нешто, ако тоа не го правите и вие самите. Децата не го усвојуваат само она што им го кажувате, туку она што го правите самите и како се однесувате кон другите. Во овој случај многу корисен е советот кој го даваат стјуардесите - прво ставете си ја маската на себе си, а дури потоа на вашето дете.
9. Туѓата критика ве тера да донесете несвојствени одлуки
Сетете се на ситуацијата – вие седите во автобус, влегува стара баба. Целиот автобус луто ве гледа, а вие, колку што е можно побрзо станувате од столчето. Зошто го правите тоа, кога бабата тоа и воопшто не го побарала од вас? Причината се крие во ниското ниво на самодоверба и стравот од осудување.
Експериментирајте – пробајте да останете на местото, ако не сакате да станете, и без оглед на тоа што говорат луѓето околу вас, не реагирајте воопшто, никако. Со текот на времето ќе видите дека туѓата оценка може и да се игнорира.
10. Правете го само она што сакате да го правите
Класичен пример за тоа е ситуацијата кога си играте со своите деца само затоа што „така треба“ бидејќи сте добра личност, а тоа значи дека – мора да си играте со своите деца. Престанете да го правите тоа. Играјте си со нив дури тогаш кога и навистина ќе сакате да си играте, бидејќи и тие ќе почувствуваат дека вие тоа го правите поради чувство на должност, а не заинтересираност. А чувството на должност не е љубов. Занимавајте се со децата кога сакате и колку сакате, бидејќи секако имате и уште еден куп од други обврски.