Саем на мебел во Скопје од 20ти до 24ти март во комплексот „Борис Трајковски под мотото „Освежи го својот дом“
Во тек се последните подготовки за уште една успешна саемска приказна. На 20ти март започнува Саемот на мебел со целосна понуда за сите вкусови.
За Саемот на мебел резервирани се пет дена во комплексот „Борис Трајковски“ и сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.
Следуваат денови на големи саемски попусти, голем број производителина мебел ќе се претстават со над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.
Koнцептот и просторот за овогодинешното издание на Саем на мебел се осмислени и адаптирани по највисоки стандарди. Овој Саем на посетителите ќе им овозможи искуство што не се пропушта, затоа што ќе имаат можност на едно место да го пронајдат вистинското, трендовско парче мебел за освежување на домот.
Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали, како и неодоливи понуди од водечки брендови.
Минатото издание на Саем на мебел пречека и услужи над 15.000 посетители и тоа беше дополнителен мотив за организаторите веднаш да започнат со подготовките за 2024 година.
За месец отсега во Скопје доаѓа вистинско освежување за сите љубители на квалитетен, автентичен и трендовски мебел. Од 20.03 до 24.03 ќе се одржи Саем на мебел 2024, затоа зачувај го датумот и „Освежи го својот дом“.
ПР објава