Сам сум и убаво ми е: Дејан Манасков за Машки магазин

Крилото на македонската репрезентација и на унгарскиот ракометен клуб Веспрем, по операцијата на коленото се чуствува одлично. Иако се движи со помош на патерици, беше присутен на промоцијата на автобиогарфската книга на неговиот колега и репрезентативен тренер Кирил Лазаров. Вели дека операцијата поминала добро и се чувствува одлично.

- Се се одвива според планот. Почнав со терапии. Еден период ќе бидам во Македонија, а потоа се враќам во Унгарија. Со оглед на тоа дека пред десет години имав операција на левото колено, ментално сум подготвен да го издржам овој период, надвор од ракометниот терен. Сега имам повеќе време да поминам со мојата фамилија и да се дружам со пријателите кои поради моите професионални обврски не ги гледам често – посочува ракометарот и дополнува дека повредата му го ограничува движењето и поголем дел од времето го поминува дома.

- Ги изгледав сите нови филмови и серии на „Нетфликс“. Во последно време гледам и филмови од постаро производство. Некои од нив и по вторпат – вели Манасков.

На прашањето дали има поддршка и од својата девојка, вели дека на емотивен план е слободен.

-Сам сум и убаво ми е. Што ќе донесе времето ќе видиме – посочува тој

(С.А.Н)