Сама се изборила во животот: Убавицата на Роналдо работела како чистачка и не била најубава

Работела како чистачка, не била најубава, а денес заработува до 100.000 евра месечно... Георгина, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо не е успешна поради него, сама се изборила во животот.

Нејзиниот живот денес се чини како сон, во голема мера благодарение на фактот дека Роналдо ја сака, но Георгина се изборила во животот за многу работи сама.

„Не бев многу убаво дете. Сигурно не бев најубава на час. Се чувствував како нормална девојка. Танцувањето ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста “, раскажа Георгина за странски медиуми.

Љубовта кон танцот никогаш не престана, но години подоцна, „грдото пајче“ стана вистинска убавица, па затоа реши да заработи повеќе пари со моделинг.

„Нема конкретен момент кога решив да станам модел. Во училиште, одеднаш почнаа да ми кажуваат дека сум убава, дека имам добро тело и јас едноставно почнав да верувам во тоа “.

Како и секој почеток, таа морала прво да вложи пари во тоа, но немајќи доволно, таа заминала во Бристол за да го подобри својот англиски јазик и да работи.

– Бев и чистачка, ништо не ми претставуваше проблем, вели Георгина.

Желбата за успех не стивнала дури и по враќањето во Шпанија, каде живеела со својата сестра, но повторно немала пари. Се вработила во продавница за луксузна облека каде го запознала својот принц, Кристијано. За време на нејзината смена на работа, Роналдо дошол на шопинг, а во тој момент требала да му асистира. Се покажала добро, толку добро што нивната втора средба само го потврдила она што двајцата веќе добро го знаеле – се случила љубов на прв поглед.

– Прво се запознавме додека работев како асистент во продажба. Неколку дена подоцна, беше организиран маркетинг настан од друга марка, на кој јас отидов – таму беше и тој. Можевме да разговараме многу порелаксирано таму, затоа што не бев на моето работно место. Тоа беше љубов на прв поглед, и за мене и за него – откри Георгина.


Сега таа се проби во јавноста до степен до кој наплаќа 10.000 евра за еден рекламен пост на Инстаграм, и дури 100.000 евра за интервју. Иако, нејзината младост изгледала сосема поинаку.

извор:sport.blic.rs