Само- лекувањето со парацетамол го става во крајна опасност овој орган
Редовна консумација на алкохол, прекумерна телесна тежина, седечки начин на живот, неконтролирано внесување на билки ... Ова се само некои од работите што го ставаат во опасност црниот дроб. Некои од вас мислат дека овие фактори не важат за нив затоа што не страдаат од прекумерна тежина и ретко пијат алкохол. Погледнете што друго може да му наштети на црниот дроб.
Консумација на шеќер и слатки
Шеќерот е штетен не само за нашите заби и за нашата кожа, туку и за црниот дроб. Честата консумација на рафиниран шеќер предизвикува акумулација на маснотии, што може да доведе до заболување на црниот дроб. Кога консумираме премногу шеќер во различни форми, нашиот црн дроб не може да се справи со неговата обработка.
Според некои студии, шеќерот може да биде исто толку штетен за нашето здравје како и алкохолот, дури и ако не сте со прекумерна тежина. Затоа бидете внимателни со колачите, внимавајте како го засладувате кафето, и не претерувајте со тетрапак соковите.
Премногу витамин А од суплименти
На нашето тело му треба овој витамин. Тој е исклучително важен за здравјето на очите, имунолошкиот систем, кожата, дури и за зачнување. Можеме да го добиеме со консумирање на свежо овошје и зеленчук, особено оние што црвена, портокалова и жолта боја, црвено месо, риба, јајца, млечни производи и многу други продукти.
Ако одлучите да земате додатоци на витамин А, секогаш консултирајте се со доктор, бидејќи предозирањето може да го оштети црниот дроб.
Консумација на безалкохолни пијалоци
Според некои западни студии, луѓето кои консумираат повеќе безалкохолни пијалоци се изложени на поголем ризик од заболувања на црниот дроб.
Консумација на трансмасти
Трансмастите се наоѓаат во голем број на храна што ја јадеме секој ден, како што е брзата храна, колбаси, некои колачи, хамбургери, помфрит и многу други. Редовното консумирање го зголемува ризикот не само од добивање на дополнителни килограми, туку и оштетување на здравјето и функцијата на црниот дроб.
Третман на каква било болка со парацетамол
Парацетамолот многумина го сметаат за безопасен лек против болки, кој помага при главоболка, треска, забоболка и друго. Иако во многу случаи помага, не треба да се зема без рецепт на лекар. Само-лекувањето со парацетамол, што го надминува внесот, го става во опасност црниот дроб.