Само еден е Boss- HUGO BOSS: За мажи кои знаат што е класа стил
Современиот маж кој е во трка со времето, знае дека добриот костум или квалитетната релаксирна облека може да му биде од голема корист. Таквите парчиња се создадени да бидат практични, истовремено воочливи и пред се‘- модерно урбани.
Во светот на брендовите кои се високо позициноирани, HUGO BOSS скоро секогаш бил на врвот. Не затоа што се истакнувал со мотиви кои бодат очи, туку затоа што ја задржал елегенцијата, беспрекорните линии на германскиот крој, иновативноста која ја внесува во секое парче и секако, по врвниот квалитет.
Овој бренд, за кој ексклузивната франшиза ја има компанијата „Fashion group- Macedonia„ прослави 15 години постоење во Скопје. Со убава забава, прикладна жива музика, одбрани гости и чашка „Moet“, јубилеот беше соодветно истретиран, како што и доликува за ваков роденден.
Коктел
настанот беше во соработка со „Порше Македонија“ со кои рекламните кампањи беа заедничка изработени.
А, новата зимска колекција на брендот е како и секогаш- за мажи кои модата ја искачуваат за едно скалило повисоко.
Фантастични кожени јакни со суптилен крој, фармерки од првокласен тексас, јакни, маици и блузи извезени со логото на брендот, автентични костуми кои ја следат линијата на машкото тело и го истакнуваат машкиот шарм.
Чевлите, чизмите, чантите се приказна сами по себе. Атрактивноста е во минимализмот, надополнет со одлична изработка.
Небојша Толески