САМО ЕДНАШ на 50 години: ХОРОСКОП за први и втори март
Поради необичното порамнување на ѕвездите, раѓањето на нов месец, влијанието на планетите врз Земјата, први и втори март 2020 година ќе бидат чудни! Оваа појава се јавува еднаш на 50 или 60 години...
Се вели дека периодот е создаден за мудрости, но никако избрзувања во вашите намери. Секој хороскопски знак треба посебно да внимава, најмногу во делот на одлуките! Подобро е да бидете свесни за сето она што можете да го реализирате, но овој период не е најповолен за тоа. Кај секој знак различно, ама ништо драстично не треба да превземате по секоја цена!
ОВЕН
Посебно на први и втори март ќе ве зафаќа мислата дека со вашиот живот доминира бесмисленоста и дека не вреди да се борите за своите права, без оглед што лицата кои ви ја решаваат судбината, не манифестираат чесност и чувство за туѓите проблеми. Иако, во најголема мера ја говорите вистината, сепак илузорно е да му се предадете на апсурдот. Не брзајте!!!
БИК
Неопходно е добро да се организирате, да ги утврдите суштинските приоритети и да верувате во тоа што го знаете затоа што наскоро ќе ве очекуваат искушенија во сите сфери на животот. Ѕвездите укажуваат дека не треба да се грижите бидејќи поседувате хармоничен потенцијал за елиминирање на надворешните влијанија. Токму тој потенцијал ќе дојде до израз на први и втори март. Некој ќе ви прости за една грешка во минатото која ве “јаде”.
БЛИЗНАЦИ
Одличен први и втори март за вас! Придвижете ги работите кон нагорна линија затоа што поседувате сила и квалитет за успешно надминување на ограничувачките фактори и за стопирање на негативното влијание што го трпите од лицата кои ве опкружуваат. Верувајте во сопствените вредности и не дозволувајте секој што ќе стигне да ве искортистува на психофизички план.
РАК
Посебно на први и втори март е време да ги согледате сопствените слабости и храбро да тргнете кон промените. Имено, како мислите да го подобрите впечатокот во околината , кога покажувате инертност и страв од соочување со предизвиците. Затоа, ако сакате да излезете како победник над искушенијата ќе мора да ги дијагностицирате проблемите.
ЛАВ
Во емотивната свера долго време не можете да ја постигнете потребната рамнотежа, иако постојано се обидувате да ја пронајдете вистинската инспирација. Токму сега, на први и втори март е време да размислите за причините кои ви ја предизвикуваат кризата, бидејќи бесперспективноста опасно ви се заканува и ви ја потиснува самодовербата.
ДЕВИЦА
Не дозволувајте лицата кои не покажуваат толеранција и хуманост во односот да ви предизвикаат немир и да ви ја неутрализираат желбата за постигнување на нешто ново и возбудливо во животот. Мора да верувате во сопствените вредности и да сватите дека ретко кој искрено и со чувство на добронамерност ја прифаќа вашата личност. Први и втори март ќе влијаат позитивно. Самодовербата ќе расте, а ако и простите на една личност, вие конечно ќе најдете спокој.
ВАГА
Не размислувајте премногу, туку обидете се да ја манифестирате оригиналноста и харизматичноста во комуникацијата, зошто постојат хармонични предуслови за внесување нешто ново и возбудливо во вашиот живот. Ви се препорачува да ги средите обврските кои непотребно ги запоставувавте а треба и да ја иницирате креативноста. Први и втори март се наклонети кон вас. Очекувајте нешто кое ќе ви ја промени вашата животна насока.
ШКОРПИЈА
Први, а посебно втори март подобро е да не мислите на никакви донесувања на одлуки.Влијанието на планетите не е најхармонично поставено кон вашиот зодијачки знак, така што ќе се соочите со непријатности кои максимално ќе ве истоштат на психофизички план. Смирете ја енергијата и ориентирајте се кон конструктивните области на животот, бидејќи опасностите постојано ќе ве демнат.
СТРЕЛЕЦ
Обидете зе да го контролирате однесувањето со блиските зошто ако им дозволите и понатаму да се однесуваат неодговорно и конфузно, со својата тврдоглавост ќе предизвикаат проблеми што ќе ви создадат големи главоболки. И во минатото се случуваше другите да не ви ги прифаќаат советите, а подоцна увидуваа дека грешат. Простете им од срце. Први и втори март ќе создадат поволен но краток период за брзо да реагирате, за да имате долг душевен мир.
ЈАРЕЦ
Проблемите и ограничувањата кои ве зафатија се плод на вашата неодговорност и на желбата за лесно провлекување во миговите кога е потребна стабилност, дисциплина и добронамерност. Затоа, нужно е да се соочите со бесперспекитвноста поради која ве избегнуваат, а пријателите сватија дека не секогаш си стоите на зборот. Први и втори март се денови кога е подобро да не преземата ама баш никакви чекори, посебно финансиски и емоционални!
ВОДОЛИЈА
Контактирајте со лицата кои ве привлекуваат и надминете ја суетата, односно желбата за доминација бидејќи без толеранција и согледување на туѓите потреби не може да се оствари посакуваната цел. Затоа, искористете го поволното влијание на планетите за воспоставување постабилни и поквалитетни односи со блиските. Токму први и втори март се препорачуваат разговори кои ќе бидат од суштинско значење за вашата иднина.
РИБИ
Колку и да ги обвинувате другите за состојбата во која се наоѓате, ќе мора да размислите дека во голема мера и самите сте придонеле за кризата зошто во периодите кога можевте да расчистите со непродуктивноста и конфузната перспектива, вие манифестиравте колебливост и зависност од ставовите на блиските. Токму кризата ќе ве наведе на непромислени чекори посебно за први и втори март. Не си играјте со нервозата. Нека поминат овие денови во мир!