„САМО КИКО ДА Е ДОБРО, И КАКО ШТО СМЕ СПЛОТЕНИ ДЕНОВИВЕ, ТАКА И ДА НЕ СЕ НАВРЕДУВАМЕ“ - се огласи јутјуберот Лазаров

Јутјуберот Стефан Лазаров, по пофалбите од некои медиуми дека е тој човекот што успеа да го крене на нозе народот за да се соберат пари а лекување на малиот Кико, со емотивна исповед на својот фејсбук профил. 

„Бидете ми здрави и живи. Само Кико да е добар во ситуацијава , а јас верувајте ми дека не го правам ова за да му се допаднам некому. Од прв ден зборам, грешка, гаф или несакана ситуација може да му се случи на секого, но да простиш некому е најтешко. Тоа посакувам, како што сме сплотени деновиве, така и во лоши ситуации да не ни биде веднаш решението навреди и плукања“, напиша Лазаров на фејсбук.

Претходно порталот Струмица Денес за Лазаров објави следново.

„Ова е момчето кое успеа да го крене народот на нозе за Кико. Јутјуберот Стефан Лазаров, истата личност која беше мета на критики и напади од одредени медиуми поради грешка на гостинот во неговата емисија. Но, за џабе старите не рекле, вистината секогаш излегува на виделина. Секоја чест за Стефан Лазаров. Да ги почитуваме и поддржуваме нашите деца да успеат во нивните сонови, дури и да направат грешка. Луѓе сме, ќе се поправиме!“, напишале од Струмица Денес.