„Само олку и ни шолја повеќе“, познатиот доктор открива КОЛКУ КАФЕ можеме да пиеме дневно – во спротивно може да го ОШТЕТИ СРЦЕТО
Докторката Ненси Кагатар, авторката на истражувањето, која со тим од индиски научници проучувала 92 луѓе со здраво срце и влијанието на кофеинот врз нивното тело, дошла до следниот заклучок:
„Поради неговото влијание врз автономниот нервен систем, секојдневното консумирање кофеин може да ги стави на инаку здравите поединци на ризик од хипертензија и други кардиоваскуларни проблеми.
За време на студијата, тие ги тестираа отчукувањата на срцето и крвниот притисок на секој поединец пред и по триминутниот кардио тренинг. Тие, исто така, забележаа податоци за демографијата и употребата на кофеин, вклучително и дали испитаниците вообичаено пијат кафе, чај или безалкохолни пијалоци. Речиси 20 проценти од учесниците консумирале повеќе од 400 милиграми кофеин дневно, што е исто количество кофеин како два енергетски пијалоци, околу девет шолји црн чај или 11 газирани пијалаци.
Луѓето кои консумирале повеќе од 400 милиграми кофеин дневно биле изложени на значително поголем ризик да имаат покачен крвен притисок и отчукувањата на срцето дури и после вежбање.
„Зголемувањето на свеста за ризиците е клучно за подобрување на здравјето на срцето за сите“, рече докторот.
Истражувањето покажало и дека големи количини на кофеин консумирале жени од урбани средини кои работеле во деловно опкружување. Студијата покажа дека редовното пиење повеќе од четири шолји кафе дневно може да го зголеми ризикот од фатални срцеви заболувања.
Во кратки налети, високиот крвен притисок може да помине без последици, но постојаниот висок притисок ги оптоварува крвните садови и срцевите мускули. Може да доведе до срцев удар, мозочен удар, проблеми со бубрезите, васкуларна деменција и проблеми со очите. Хронично високиот пулс може да предизвика слични компликации, пишува Daily Mail.
Клучот е во умереноста бидејќи треба да се каже и следново. Кофеинот привремено ги блокира рецепторите во мозокот кои го регулираат спиењето, меморијата, вниманието и учењето, што го зголемува протокот на кислород во мозокот, ги зголемува отчукувањата на срцето и ја подобрува концентрацијата, што заедно може да ви помогне да се чувствувате будни.
Умереното консумирање на пијалоци што содржат кофеин не е штетно, според постарите студии кои исто така наведуваат дека пиењето мала количина чај дневно помага за здравјето на цревата и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Неумерената употреба на кофеин подолг временски период, во зависност од здравјето на поединецот, може да има негативно влијание врз кардиоваскуларниот систем, односно здравјето на срцето.