Само три причини се доволни за да се откажете од пушењето
Доказите за штетното влијание на пушењето постојат одамна, па затоа најдобриот избор што еден пушач може да го направи за себе и за околината е да одлучи да се откаже од пушењето додека го чита овој текст. Еве само дел од основните причини кои сведочат за штетноста на цигарите и трагите во организмот кои остануваат од согорувањето на тутунот.
Научните истражувања докажаа дека има многу повеќе причини, но се бараа решенија и за оние кои се уште не сакаат да се откажат од пушењето.
Согорување - пушењето цигари го согорува тутунот и потоа го ослободува најштетниот производ од овој процес, а тоа е чадот од тутунот. Науката досега препозна околу шест илјади супстанции пронајдени во чадот од тутун, меѓу кои околу 100 се означени како штетни или потенцијално штетни.
Јаглерод моноксид - тоа е “отров” без боја и мирис, кој е производ на нецелосно согорување на тутунот. Предизвикува најакутни труења, а се врзува за хемоглобинот во крвта 200 пати поинтензивно од кислородот, со што се нарушува нормалниот трансфер на кислород.
Катран – една од најопасните супстанции кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Катранот е мешавина од неколку илјади компоненти на чадот од тутунот, од кои над 50 се канцерогени. При вдишување на чад од тутун, тој се кондензира во леплива, сирупеста маса во белите дробови и другите респираторни органи, каде што може да придонесе за развој на разни болести, респираторни инфекции и кашлица кај пушачите.
Дури и доколку го знаат сето тоа, некои пушачи сепак не престануваат да пушат.
Пушачите често се свесни за сите овие ризици, но од различни причини не се откажуваат од пушењето. Дел од решението во таков случај може да бидат информации за помалку штетни, научно засновани алтернативи. Во последните години, истражувањата понудија решение засновано на технологијата на загревање на тутунот на многу пониска температура, со што се елиминира чадот од тутунот. Најпознатиот уред во оваа категорија е IQOS, кој не го согорува тутунот за време на процесот на загревање и затоа не испушта чад од тутун, туку аеросол.
IQOS е првиот и единствен систем за греење на тутунот што американската Администрација за храна и лекови (ФДА) минатата година го класифицираше како производ со модифициран ризик, заклучувајќи дека изложеноста на штетни материи при користење на овој уред е значително намалена во споредба со цигарите. Покрај IQOS, на нашиот пазар е достапен и lil Solid 2.0, помалку штетна алтернатива на пушењето, која работи и на принципот на загревање на тутунот.
Со користење на помалку штетни алтернативи се избегнуваат штетните производи од согорувањето, како што се катранот и другите опасни материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Сепак, дури и овие уреди не се без ризик бидејќи предизвикуваат зависност од никотин и не се достапни за малолетниците.
ПР објава