Samsung награден со 48 признанија за дизајн на IDEA 2020

Компанијата Samsung Electronics освои дури 48 награди за извонредниот дизајн, во рамките на меѓународно признатиот настан International Design Excellence Awards 2020 (IDEA 2020), вклучувајќи едно злато, четири сребрени, четири бронзени и престижното признание Best-in-Show. Освен награда за врвен дизајн во поглед на креативноста и и иновациите, Samsung го освои и признанието за широк спектар на производи со докажана извонредност во креирање на решенија кои што го следат животниот стил на корисникот, дишат со елегантна естетика, нудат интерактивност и одржлив дизајн.

Доделувањето на IDEA наградите се одржува еднаш годишно, уште од 1980 година, во организација на Американската асоцијација на индустриски дизајнери (IDSA), а врз основа на различни критериуми за избор, како што се иновациите во дизајнот, придобивките за корисниците на производите и предностите за општеството.

Златното признание за иновативност и пружање на искуство базирано на потребите на корисниците ја освои фрижидерот Samsung BESPOKE Family Hub UX, кој што на корисниците им овозможува да споделуваат и да креираат рецепти и фотографии директно преку екранот на фрижидерот. Исто така, поврзаноста со мобилните апликации нуди постојан пристап до неговите функции, без оглед на тоа каде се наоѓа корисникот.

Покрај моделот Family Hub, класичниот фрижидер BESPOKE ја освои Сребрената награда, благодарение на својот прилагодлив, модуларен дизајн кој што на корисниците им дава можност да одберат боја, материјал и тип на модел, во согласност со животниот стил и преференциите. Важно е да се напомене дека фрижидерот BESPOKE оваа година веќе ја освои престижната iF Златна награда за дизајн. Покрај тоа, жирито на IDEA 2020 на Samsung компанијата и ја додели и наградата Best-in-Show, како посебно признание за фрижидерите BESPOKE Family Hub UX и BESPOKE, за достигнувањата во дизајнот базиран на потребите на корисниците.

Сребрени награди освоија The Serif, 8K телевизорот Q950TS, како и Samsung Upcycling флексибилното решение за пакување на телевизорите од lifestyle линијата – The Frame, The Serif и The Sero. Пакувањето е така дизајнирано за да ги охрабри потрошувачите да им дадат на кутиите нова употребна вредност и од нив да направат иновативни мали парчиња мебел, како што се куќички за мачки или сталажа за телевизор. Ова еколошко пакување во 2020 година доби и CES награда за иновативен концепт, допринос за заштита на животната средина и подигнување на свеста за рециклирање и upcyclingu.

Бронзените награди се доделени за: смарт телефонот на поклопување Galaxy Fold, Infinite Line™ рерната со врвен дизајн, за визуелниот идентитет на The Sero телевизорот насочен кон милениците, како и Inclusive IoT, концептот на напреден дизајн кој користи систем за препознавање на звукот базиран на вештачка интелигенција за да им помогне на луѓето со оштетен слух.

„Дизајнот сѐ повеќе ја вреднува интеракцијата помеѓу производот и корисничкото искуство, а Samsung ќе продолжи да го нуди токму тоа на своите корисници, со промовирање на одржливи, иновативни технологии и дизајн кој што се разликува од останатите“, изјави Dontae Lee, извршен потпретседател и раководител на Центарот за корпоративен дизајн на компанијата Samsung Electronics.

Церемонијата IDEA 2020 е одржана виртуелно на 16 септември, а меѓународната конференција за дизајн на која зборуваше Felik Hek, потпретседател и раководител на компанијата Samsung Design Europe, беше на програма од 17 до 18 септември.