Сапунот не треба да се дели: Тој е вистинска почва за опасни бактерии

Сапунот е полн со бактерии бидејќи го користиме за миење на нечистотијата од рацете и телото. Некои од нив се ешерихија коли, салмонела, стафилокока и шигела, велат лекарите.

Студијата објавена во „American Journal of Infection Control“ која била спроведена во болница покажала дека околу 62 проценти од тврдите сапуни биле контаминирани, а само три проценти од течните сапуни.

Бактериите од сапунот може да се пренесат преку гребнатини и рани на кожата. Сепак, лекарите велат дека количината на бактерии пронајдена на сапунот не може да предизвика болест.

Се покажало дека само стафилокок инфекциите отпорни на антибиотици се преносливи. Затоа се препорачува да се користи течен сапун. Ако ви се допаѓа тврд сапун, прво исплакнете го со вода, а потоа сапунирајте се. И редовно мијте го садот во кој се наоѓа сапунот.


Фото: фреепик