Сашко Коцев: Ова е последната „Златна Бубамара на популарноста“ што ја водам (ГАЛЕРИЈА)
„Златна Бубамара на популарноста“ го прослави својот 25 роденден сношти, со маратонско издание на популарното шоу. Траеше четири ипол часа, и без оглед што дел од публиката не остана до крајот во А1 арената, „Бубамара“ повторно собра голем дел од нашите најважни утетници, спортисти, ТВ лица на едно место.
-Ова е последна „Златна Бубамара“ што ја водам. Затоа, нема да пазам, можам да зборувам што сакам“, рече Сашко Коцев, а потоа објасни дека се шегува. „Нит ми е последен пат, нит сум пазел, нит ќе пазам што зборувам“, објасни Коцев, маестрален како и во изминативе години, а ова е негова 17.„Бубамара“ како водител.
Коцев раскажа дека во денешно време е модерно да имаш бричена глава, особено меѓу политичарите, а објасни и од каде доаѓа Корона вирусот. „На столче, на ниско не фаќа, само ако сте на високо или ако се движите“, рече Сашко објаснувајќи ги мерките во време на пандемијата.
-Седам јас на кафе со другари, во хотелско лоби, без маска. Тргнувам во тоалет, обезбедување ми бара да ставам маска. Значи, на ниско не фаќа корона, на столче не, само на високо“.Она што сите не’ насмеа, беше појавувањето на Тино и Атанас, и нивната приказна за потенцијалните шамарите кои би ги добиле на „Бубамара“. Повеќе за 25-тото издание на „Златна Бубамара на популарноста“ прочитајте на Женски магазин.