Некои членови на саудиското кралство трошат огромни суми пари на скапи вили, палати, уметнички дела, а некои други пак, трошат скапоцено богатство на авиони.
Калид бин Салман ал-Сауд покрај тоа што е брат на принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман тој е и саудиски амбасадор во САД. Според она што го пишуваа таблоидите овој принц за време на својот мандат трошел 30.000 долари на час за луксузниот Bоеинг 767.
Се крена огромна прашина за наводното трошење на парите. Овој авион има мастер спална соба и 63 места за седење. Има раскошен ентериер и може да се натпреварува и да победи со било која хотелска соба во светот.
Има спални соби и прекрасни луксузни тоалети.
Кабинскиот простор е оклу 106 метри квадратни и нуди високи плафони за комодитет на патниците. Забавата е загарантирана и без проблем можете да уживате во долгите летови.