Савевски пред почетокот на ЕУРО: Романија во фокусот, ова е првенство на кое ќе видиме до каде сме
Македонија утре го игра првиот натпревар на женското ракометно европско првенство, противник е фаворитот Франција, во нашата група сè уште Холандија и Романија.
Нашата земја е еден од домаќините на континеталниот собир, селекторот Љубомир Савевски се надева на една победа, а фокусот е Романија.
„Подготовки минаа добро, работевме на физички план, ставивме посебен фокус на тоа. Слабост ни е тоа што не најдовме силен противник да се провериме пред почетокот на првенството, натпреварите со Франција и Холандија ќе ни бидат подготовка за она што не чека со Романија, ги анализиравме добро, со Германија, тоа не е послаба селекција како што некои мислат. Задоволен сум од залагањето на репрезентативките кои се тука, сите напредуваат. Жалам што Коцевска и Дуковска не се тука, ние имаме најмлад и најперспективен тим на првенството како домаќини“ – изјави селекторот Љубомир Савевски.