Спорт // Спорт
Се бара итна смена на Новак Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по заразата на неколку играчи со коронавирусот на „Адриа тур“, вклучувајќи го и тој, е под притисок и барање да си даде оставка од позицијата претседател на Советот на играчи на АТП.
Американскиот спортски магазин „Спорт Илустрејт“ тврди дека оставката на Ѓоковиќ е на маса и дека треба да се разговара.
Според таа листа, неколку претставници во Советот на играчи најавуваат дека сакаат оставка на српскиот тенисер.
Ѓоковиќ, како организатор на турнирот, според швајцарскиот „Блик“, врз основа на реакциите и последиците, не постапи одговорно во улога што бараше одговорност.