Се бори со здравствени проблеми кои му пречат во работата: Славниот Дрејк се повлекува од јавната сцена

Дрејк одлучи да се повлече од музичката сцена на одредено време.

Дрејк откри дека има стомачни проблеми кои ќе го тргнат целосно од сцената една година, можеби и подолго, додека целосно не заздрави.

Светски познатиот рапер Дрејк објави дека привремено се повлекува од јавната сцена поради здравствени причини.

- Морам да се фокусирам пред се на моето здравје. Со години ги имам најлудите проблеми со стомакот – изјави тој во емисијата „Сто за еден“.

Рече дека ќе се затвори во своето студио една година, можеби и подолго.

- Ќе ја заклучам вратата од студиото на некое време. Можеби една година... можеби уште малку повеќе - рече тој.

Да потсетиме, раперот неодамна доживеа непријатност на настап кога еден од присутните го гаѓаше со телефон.