Се борите да изгубите тежина: Докторот тврди дека оваа храна е најдобра за слабеење и за намалување на апетитот
Докторот вели дека оние кои сакаат да ослабат дефинитивно треба да ја јадат оваа храна.
Доколку имате проблем со вишокот килограми и сакате да ги изгубите, не треба многу да се мачите. Според познатиот американски лекар Нил Бернард, храната број еден за слабеење е всушност слатка.
Појавувајќи се на поткастот на Стивен Бартлет, докторот рече дека секој што се обидува да изгуби тежина треба да вклучи боровинки во својата исхрана. „Луѓето кои јадат повеќе од овие овошја и ги вклучуваат во исхраната слабеат. Се верува дека причината за тоа е што боровинките се богати со влакна“, објаснил докторот. Иако боровинките се нискокалорични, тајната е во антоцијаните. „Антоцијаните можат да влијаат на апетитот и метаболизмот“, истакна докторот.
Бернард не е единствениот експерт кој ги издвоил боровинките како корисни за слабеење, бидејќи истражувањето од Кардиоваскуларниот центар на Универзитетот во Мичиген покажа дека исхраната богата со боровинки може да ги намали висцералните масти. Ова е маснотијата што се акумулира околу виталните органи во стомакот, како што се црниот дроб и цревата, и може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми, од кардиоваскуларни болести до дијабетес.