Се чекаше 13 години: Неверојатни ефекти, стари херои - Погледнете го првиот трејлер за продолжението на „Аватар“
Филмот „Avatar: The
Way of Water“ пристигнува во декември оваа година
Кон крајот на оваа година, поточно во декември, ќе имаме можност да го погледнеме продолжението на филмот „Аватар“ кое се вика „Аватар: Патот на водата“. Објавен е првиот трејлер кој содржи неверојатни ефекти, а во преден план се старите херои - Натири (Зое Салдана) и Џек (Сем Вортингтон).
Сместен повеќе од една деценија по настаните од првиот филм, „Аватар: Патот на водата“ започнува да ја раскажува приказната за семејството на Сали (Џејк, Натири и нивните деца), неволјите што ги следат, битките што ги водат за да останат живи.
Во режија на Џејмс Камерон, а продуцирани од Камерон и Џон Ландау, во филмот играат Зои Салдана, Сем Вортингтон, Сигурни Вивер, Стивен Ланг, Клиф Кертис, Џоел Дејвид Мур, Еди Фалко, Џејмин Клемент и Кејт Винслет.
Фото и Видео: Youtube