„Се чувствуваше ли така и кога ја уби“? Алек Болдвин со една објава ја разбесни јавноста (ФОТО)

Откако заврши снимањето на неговиот последен филм, познатиот актер го покажа својот нов изглед.

Алек Болдвин се најде во центарот на вниманието кога ја уби кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот пред 18 месеци.

По судењето, обвинението за убиство од небрежност против Болдвин сепак беше отфрлено, а тој самиот изјави дека за време на снимањето на тој нискобуџетен вестерн било потребно експертите за оружје да проверат сè навреме, што очигледно не се случило.


Сепак, актерот го продолжи животот и кариерата по оваа трагедија, а сега се пофали со својот нов изглед на социјалните мрежи. Тој ја избричи густата брада за снимањето на Руст, но дел од неговите следбеници не го одобрија Алек да ја објави оваа содржина на социјалните мрежи.

„Боже, колку беше  убаво да се избричи оваа брада“, напиша Болдвин.

"Нема шанси да го гледам тоа ѓубре од филм. Ти 100 отсто заслужуваш да бидеш во затвор во моментов, а не да лежиш на креветот. Подобро размисли колку навистина си направил добро", му напишал еден корисник на Инстаграм.

„Значи, кажи ни, дали се чувствуваше убаво кога ја застрела снимателката“, саркастично го праша друг следбеник, а третиот продолжи: „Добро, и дали некогаш размислуваш за семејството на Халин Хачинс и што се случува со нив?“, „Дали ти?“, се чувствуваше ли така и кога ја уби таа жена?“, беа само дел од коментарите.