Се чувствував искористен како инстант супа: Здравко Чолиќ бил интимен со светски познатата пејачка, имале кратка и не толку слатка врска
За него, лудуваа жените, каде и да се појавеше правеше целосен хаос! Затоа и не нè чуди што и оваа светски позната пејачка паднала на неговиот шарм!
Здравко Чолиќ е нашата најголема балканска ѕвезда и вечен миленик на публиката. Во младоста беше неодолив, но и тој ги сакаше жените. Така во 1997 година, шокираше со признанието дека бил интимен со пејачката Фрида Лингстад од познатиот бенд „ABBA“!
Имено, тие се запознале на Евровизија, кога Чола ја претставувала Југославија со песната „Burning Fire“. Истата година Фрида беше пратечки вокал на шведскиот претставник, а потоа се случила и споменатата средба, поради која ќе задоцнел на настапот.
- Фрида од групата „АББА“ ја запознав на „Песна на Евровизија“, каде би можел на друго место. Следуваше покана за викенд. Изгледаше ветувачки, но по сите тие три дена заедничка идила, се чувствував искористен како инстант супа. Ја готвиш за пет минути, ја јадеш топла и толку – опиша Чола.
Судејќи според неговите впечатоци, нивната врска била кратка и не толку слатка.
- И сè имаше: и камин и свеќи и цвеќиња, карирани завеси и чаршафи, печена риба со бадеми и есенцијални масла... Но, вистинската, единствена, луда страст што се случува меѓу маж и жена, ја немаше. Немаше спонтаност, па се изгледаше како кога закажуваш тренинг за двајца во теретана – заклучи тогаш Чолиќ.
Сепак, Здравко пред 20 години ја пронајде својата животна сопатничка со која е во хармоничен брак и има две прекрасни ќерки.