Се дружеше со Тито, а со Џеки Кенеди се однесуваше како со „лесна“ жена: Кралот на Италија имаше ненормално богатство, а потоа се случи хаос

Џани Ањели беше толку популарен што светот го доживуваше како негово игралиште. Она што ќе го наумел, го постигнувал. Но, среќата не можеше да трае вечно...

Џани Ањели беше најпознатиот Италијанец во минатиот век. Го нарекувале Адвокат, но тој никогаш не се занимавал со адвокатура, ниту пак бил познат по тоа.

Всушност, Џани Ањели првиот ден на работа го имал на 45 години, а дотогаш само уживал...

Џани Ањели беше најмоќниот и најбогатиот италијански индустријалец на сите времиња. Роден е во бракот помеѓу индустријалецот Едоардо Ањели и принцезата Вирџинија Бурбон дел Монте, ќерка на принцот од Сан Фаустино, Карло дел Монте. Џани е неговиот прекар, додека неговото вистинско име Џовани доаѓа од неговиот дедо, основачот на компанијата ФИАТ.


Џовани се школувал во Пинероло, а во Втората светска војна се борел на рускиот фронт, а потоа и на северноафриканскиот фронт, каде германски војник го ранил поради расправија за жена.

Џовани почнал да работи на 46-годишна возраст; навистина многу наследил, но многу придонел и за компанијата. Тој беше одговорен за развојот на компанијата Фиат во доцните шеесетти години, бидејќи, откако ја стави цела Италија на четири тркала, и даде национална димензија на компанијата. Во текот на седумдесеттите тој ја надмина најтешката криза продавајќи 15% на либискиот лидер Гадафи и решително спречи инфилтрација на терористичката организација Црвена бригада меѓу 300.000 работници во компанијата Фиат. На крајот на осумдесеттите, кои беа години на огромни профити, Ањели разви различни бизниси (од туризам до банкарство), но автомобилската индустрија остана на прво место - на крајот на краиштата, тој постигна монополска позиција со откупување на сите негови конкуренти во Италија.


Џани Ањели - кралот на Италија

Џани беше светски познат плејбој кој одЏеки Кенединаправи една од неговите безначајни љубовници.

Тој беше на чело на големата компанија Фиат, производител на автомобили што произведуваше возила за речиси сите Италијанци.

Повеќе од можеби сите овие признанија, тој беше познат по својот фантастичен вкус и необично чувство за мода. Тој во основа ја измислил уметноста на Sprezzatura, или беспрекорно облекување, притоа правејќи тоа да изгледа како без напор. Ањели го отелотвори она што значи да се биде добро облечен, добро образован човек на дваесеттиот век. Тој може да помине и како најстилскиот човек што некогаш живеел.

Кој навистина беше Џани Ањели?

Џовани Џани Ањели е роден во семејство кое го поседувало Fiat, а подоцна и тракторите Alfa Romeo, Lancia, Ferrari, Maserati, Iveco, New Holland и до неодамна фабриката за мотоцикли Piaggio (Vespa).

За Џани ќе кажеме многу, но најмногу го опишува реченицата на Федерико Фелини кој за него рекол вака: „Качете го на коњ и таму имате крал“.

Но, Џани не го интересираше моќта, бидејќи имаше сè. Повторно велиме, доволно е да се каже дека тој го измислил терминот „La Dolce vita“, бидејќи само тој навистина ја знаел уметноста на убавото живеење.

Кога првпат почнал да работи имал 46 години, а велат дека дотогаш максимално уживал во животот. Се зборува дека имал навика наутро веднаш да го повика својот приватен пилот и да го праша во кој дел од Европа е сончев. Каде што ќе биде сончево ќе замине да ужива тој ден. Кога тогашниот претседател на Фиат поднесе оставка, на семејството и на работниците им требаа неколку недели да го најдат Џани како се одмара некаде на јахта среде Пацификот.

Светот му беше игралиште. Се дружеше со Фидел Кастро, Мао Це Тунг, Јосип Броз, Хенри Кисинџер...

Иако беше во брак со благородничката Марела Ањели, тој никогаш не криеше дека има безброј љубовници, меѓу кои и актерката Анита Екберг и дизајнерката Џеки Роџерс.

Тој беше човек кој можеше да има 5 жени во исто време и ниедна од нив нема да му се налути. Сепак, тој знаеше со кого треба да се ожени. Ја најде Марела за која знаеше дека ќе биде столбот на семејството, како што беше таа.


Семејната трагедија на Ањели

Статусот и богатството на Џани не го поштедиле од страшните семејни трагедии. Во ноември 2000 година, неговиот син Едоардо Ањели изврши самоубиство со скок во провалија. И покрај големото семејно богатство и престижниот социјален статус, животот на Едоардо Ањели беше обележан со болни искуства.

Пријателите го опишаа како човек што „зрачи со посебна светлина“, а неговата личност беше многу поинаква од она што многумина го замислуваа. Тој беше многу близок со неговиот вујко Џовани, синот на Умберто Ањели, кој еден ден требаше да стане менаџер на Фиат.

За жал, Џованино почина на 13 декември 1997 година од рак. Се вели дека Едоардо и Џованино Ањели, иако со сосема различни карактери и различни начини на живот, биле многу блиски и често се доверувале еден на друг. Исто така, се вели дека смртта на неговиот брат Едоардо била многу тежок удар. Пријателите на Едоардо рекоа дека тој не покажувал знаци на длабока депресија во последните денови. А сепак, претпоставката за самоубиство е потврдена по обдукцијата.


Џани Ањели и неговата сопруга Марела, покрај трагично повредениот Едоардо, ја имаат и ќерката Маргерит, која живее во Париз со вториот сопруг Серж де Фален, со кој има пет деца.

Џовани беше страшно погоден од смртта на неговиот син, а претходно и од смртта на неговиот внук Џовани, кој почина од рак и требаше да ја наследи целата империја.

По сите овие семејни трагедии, Џани Ањели за свој наследник го избра својот најстар внук Џон Елкан, синот на неговата ќерка.

Џовани Ањели никогаш не се опорави по смртта на неговиот син, па почина набргу потоа во јануари 2003 година, во својот дом, опкружен со големо семејство, во традиционален италијански стил. Тој беше погребан во семејната гробница со сите почести што ги заслужува најпознатиот Италијанец од минатиот век.

Фото: Pinterest
Извор: Stil.kurir.rs