Се крадат дури и перници: Хотелите „пискаат“ од гости со лепливи раце
Сапуни, моливи, бадеми, крпи, па дури и слики ... Тема на истражување на германскиот веб сајт „Wellness Haven" ,
кој е специјализиран за рангирање на хотели, беа предмети што посетителите ги
земаат, односно крадат од
хотелските соби.
Овој веб портал состави список со десет артикли што клиентите најмногу ги крадат од хотелите. Истражувањето опфати податоци од 1.093 хотели со четири ѕвезди и неколку хотели со пет ѕвезди ширум светот.
Перницата се најде на 10-то место на списокот, во 14,3 проценти од случаите. Додека, на деветтото место, се ќебиња, со 15,6 проценти.
20,2 проценти од посетителите на хотелот земаат уметнички дела од собите во кои претстојувале . На седмото место според сајтот, се крадат батериите, со 22% .
На шестото место, со 32,8 проценти, е козметиката. Приборот за јадење е пет артикл по ред во стапката на кражби во хотели, исчезнуваатво дури 33,6% од случаите.
На четвртото место се пенкалата со 39,1 процент.
На третото место на списокот се закачалките (49,3 проценти), втори на листата се бадемите (65,1 проценти), а најмногу гостите во хотелите ги земаат, односно крадат крпите кои се земаат од посетителите во 77,5 проценти од случаите.