Се кренаа поради Новак и Надал! Сопствениците на станови во Мелбурн се бунтуваат, побарааа забрана!
Австралија опен треба да започне на 8 февруари, а организаторите се соочуваат со нов сериозен проблем
Им се заканува потенцијална тужба од сопствениците на станови во хотелот „Вестин Мелбурн“, каде што тенисерите треба да поминат двонеделен карантин по пристигнувањето во Мелбурн поради пандемијата на коронавируси.
Сопствениците на становите, од кои некои трајно живеат во хотелот на улицата Колинс, сметаат дека доаѓањето на стотици луѓе од целиот свет претставува неприфатлив ризик за нив и пошироката заедница во тоа време. Тие го обвинуваат управувањето на хотелот за недостаток на консултации со сопствениците на становите, и тие разгледуваат тужба до Врховниот суд.
По неколкумесечни преговори меѓу Владата и Тениската асоцијација на Австралија, беше договорено играчите да дојдат во Мелбурн помеѓу 15 и 17 јануари и да поминат две недели во карантин (можат да излегуваат пет часа на ден, само на тренинг и терапија), и во текот на тие две недели тие ќе бидат тестирани за вирусот на корона пет пати.
Сопствениците на становите биле информирани за сè само по е-пошта пет дена подоцна. Затоа се лути и тие истакнуваат дека никој никогаш не ги прашал ништо. Наведено е дека не станува збор за пари, како и дека сопствениците ќе побараат да се најде алтернативна локација за тенисерите.
По договор, станарите во хотелот Вестин Мелбурн нема да имаат контакт со оние што доаѓаат од странство - гостите ќе користат посебни влезови и лифтови. Подот со станарите ќе остане само за нив и нема да има заедничка вентилација, изјави генералниот директор на хотелот, Стивен Феринго.
Фото: Reuters