Се огласи Ненад Јездиќ од болницата: Откри како се чувствува и што покажал тестот!

По првиот тест бил пуштен на домашно лекување, но ...

Ненад Јездиќ бил позитивен на вирусот ковид-19, потврдено е откако бил тестиран.

Актерот беше примен во болницата „Д-р Драгиша Мишовиќ“, во Србија, вечерва поради билатерална пневмонија.

Веста ја потврди и самиот актер, наведувајќи дека добил позитивен тест за коронавирус во понеделникот, но бил упатен на домашно лекување.

"Откако тестот беше позитивен во понеделникот, ме пуштија на домашно лекување. По денешниот преглед, лекарите одлучија да ме задржат во болница, иако јас лично не се чувствувам многу полошо", рече Јездиќ.

"Јас сум во добри раце, сè ќе биде добро. Грижете се за себе и за другите. Немам што повеќе да кажам на таа тема", рече актерот.


Фото: Фејсбук/nenadjezdik