Се огласија Шакира и Пике: Ставија точка на гласините за разделбата
Изминатите денови, светските медиуми пишуваа за крајот на бракот помеѓу пејачката и фудбалерот, како и дека до тоа дошло поради неверство и дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишна хостеса.
Шакира и Пике се решија да стават точка на гласините и упатија заедничко писмо.
Објавија дека по 12 години врска и две деца се разделуваат, а тоа го соопштија со заедничко писмо кое го доби агенцијата EFE.
„Жал ни е што потврдуваме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш главен приоритет, ве молиме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето“ - истакнаа.
За потсетување, нивната љубовна приказна започна пред 12 години на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Од 12-годишната врска има два сина - Милан и Саша.
Во едно интервју, тој зборуваше дека бил воодушевен од нејзината убавина и дека се заљубил на првпоглед. Зборуваше за тоа дека неговиот прв разговор со Шакира бил многу неспретен.
„Таа веќе беше таму, бидејќи пееше на церемонијата на отварањето и јас ја прашав какво е времето“ - објасни фудбалерот во една прилила.
Очекувал дека таа нема ништо да му одговори, меѓутоа пејачката на тоа шеговито му одговорила и му дала детален опис на времето во Мадрид.
„Знам дека таа е единствената личност која е со мене не поради некој друг интерес, туку поради љубовта која нѐ спојува“ - заклучи Пике, но изгледа дека не било сѐ толку идилично.
Според она што го пишува „El Periodika“, Пике ја изневерил Шакира со 20-годишна русокоса, која студира и работи како хостеса во Барселона. Пејачката наводно ги уловила во кревет, по што Пике се иселил од нивниот заеднички стан. Името на девојката сѐ уште не е објавено, а новинарите на „El Periodika“ тврдат дека знаат сѐ за неа.
фото: Принтскрин / Инстаграм