
Според наводите, славниот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ, има богатство проценето на околу 200 милиони долари…
Ова е токму она што му овозможило да направи голема колекција интересни автомобили. Негов последен фаворит на четири тркала е ретката Ферари Монца СП2. Ѕвездата на светот на фудбалот неодамна беше видена на улиците на Стокхолм како уживаше во возењето на овој автомобил. Покрај тоа, мора да признаеме дека Златан има огромно искуство зад воланот на интересни, скапи модели, затоа што тој, меѓу другото, поседува ЛаФерари и Порше 918 Спајдер.
Патем, Ибрахимовиќ не е единствената славна личност која поседува Ферари Монца. Минатата година беше откриено дека славниот готвач, Гордон Ремзи, си купил еден црн, што е завршен со црвена лента што се протега хоризонтално над аспираторот. Моделот на Ибрахимовиќ е нешто помалку специфичен и е насликан во ексклузивна црна боја.
Исто така, мора да нагласиме дека Ферари планира да произведе само 499 примероци од овој модел, чија почетна цена е 2 милиони долари.