Се покаја! Сергеј Трифуновиќ ѝ го кажа второто „да“ на 23 години помладата Исидора, а потоа пресврт
Двојката ја крунисаа својата љубов во црквата во мај...
Црковната венчавка на актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата 23 години помлада избраничка Исидор Мијановиќ во мај годинава предизвика медиумска прашина.
Разликата во години не им е проблем и љубовта ја градат на здрава основа. Патака решија да се „официјализираат“ и во општина. Овој момент убавата Исидора го објави на социјалните мрежи, а многумина беа изненадени од нејзината модна комбинација.
Познато е дека младенците на свадба носат бел фустан, но тоа не е случај со Исидора, која вообичаено работи како модел. За овој најважен ден во животот на една девојка се одлучила за фустан од виолетов сатен, а се убаво искомбинирала со бели чевли. Сакото, пак, билосо малку потемна нијанса.
Нејзиниот избраник се одлучил за полежерен изглед - панталони и бела кошула, што бил полн погодок за овој посебен ден.
И се така беше убаво, се додека ...
Актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата Исидора за семејно насилство, а таа е осудена на парична казна според Законот за странци за нелегален престој во Србија и ќе мора да ја напушти земјата.
Инаку, Сергеј Трифуновиќ оваа година и го кажа судбоносното „да“ на 23 години помладата Исидора Мијановиќ, а потоа за првпат за медиумите проговори за бракот со неа.
Водителот на почетокот на разговорот го потсети Сергеј на неговата претходна изјава дека се гледа себеси како дедо опкружен со многу деца, внуци, со баба што ја сака, па го праша дали е така сега.
– Верувам дека да, затоа што, од милион причини. Многу е чудно, сакав семејство и го сметав за врв на човечките достигнувања и никогаш не бев подготвен да направам компромис со тоа семејство, со било кој за да имам семејство воопшто, па можам да кажам само благодарам на семоќниот и тоа лице со кое тоа е апсолутно возможно.
– Се коментираше разликата во години, има ли врска со љубовта – се осврна водителот на 23-годишната разлика меѓу Сергеј и Исидора.
– Нивните коментари немаат врска со љубовта, само тоа што се случи меѓу мене и мојата венчана сопруга има врска со љубовта. Тоа е тоа – рекол актерот, а потоа ги коментирал тврдењата на луѓето дека се променил:
– Сосема е сигурно дека има вистина во тоа дека сум се променил, бидејќи мислам дека е многу глупаво човек да не се менува. Секојдневно ја менуваме нашата ДНК, а не себеси и нашите навики, ако секако сме паметни. Веројатно го направив тоа и веројатно беше тој момент „кога ќе ја исчистите куќата, тогаш се појавува гостинот“. Навистина почнав да ја средувам куќата речиси една година пред да се појави гостинот, верувам дека ова е само резултат на тоа. Да не ги засукав ракавите да ја исчистам куќата, дали воопшто ќе се појавеше гостинот. Но, јас го направив тој напор и фала богу дека е така – изјави тогаш актерот во емисијата „360 степени“.
Сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ, моментално е во имиграцискиот центар, јавуваат локалните медиуми. Како што се наведува понатаму, Исидора ја напуштила полициската станица и наскоро ќе биде однесена на хрватската граница, каде некој ќе треба да дојде да ја земе. Инаку, сопругата на актерот Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ, е осудена на парична казна според Законот за странци поради нелегален престој во Србија, дознава „Блиц“, но казната се уште не е правосилна.