Се продава стан голем колку куќа, на 16- кат: Одврзете „ќесето“... или вреќата
Цените на недвижнините во земјава постојано се во пораст. Најскапи се оние во главниот град, каде цена за метар квадратен може да достигне и до 3.000 евра.
Главна улога за цената играат многу фактори, од местоположбата, квадратурата, старо или ново, луксузно или просечно...
Интересно е тоа што за оној кој продава е малку, а за оној кој купува е многу. Отсекогаш било така. Но, никој не ве принудува, цените се тие, па одлуките се ваши.
Факт е дека во Скопје има прекрасни станови. Но сопствениците од разни причини ги продаваат, а тоа најмногу се гледа на сајтовите за недвижнини каде има се и сешто и се е од јавен карактер.
На сајтот Пазар 3 наидовме на стан која остава без здив. Секако, скап е и луксузен. Ама има и зошто. Прво е во една од најубавите згради во земјава, второ огромен е, трето имате поглед од милион долари до кој се стигнува преку внатрешни скали...
Но, одвоете половина милион, или 500 000 евра колку што чини.
- 330м2 вкупно
- 200м2 внатрешна површина
- 70м2 тераса на долниот кат
- 60м2 тераса на горниот кат со летна тераса
- 16ти кат
- остава
- греење на сопствено парно
- 2 бањи+гостински тоалет