Забава // Занимливости
Нема гас, ќе доцнат автобусите на ЈСП

Од ЈСП Скопје ги информираат корисници на јавниот превоз во градот Скопје, дека согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, можни се отстапувања од возниот ред.
Од градското претпријатие информираат дека без гориво ќе останат автобусите кои возат на гас во наредните денови.
„Корисниците на јавниот превоз се предупредуваат да бидат подготвени за доцнења и променливи возни редови“, велат од „ЈСП Скопје“.
- Доколку бидеме информирани за евентуални промени околу времетраење на прекинот, навремено ќе бидете известени, се наведува во известувањето од ЈСП.
Претходно и од ЕСМ Производство на топлина информираа дека скопјани првите неколку дена од грејната сезона ќе имаат редуцирано парано греење,поради технички подесувања на системот за гас.