Се прослави со улогата во „Мумија“, беше секс симбол, а во новиот филм ги шокираше сите со својот изглед

Некогаш омилениот актер Брендан Фрејзер повторно се враќа на екранот. По години кога не можеше да го видиме во ниту еден блокбастер, што во 2018 година го објасни со тоа што беше на „црната листа на Холивуд“, познатиот „Џорџ од џунглата“ сега публиката ќе го види во драмата  „Whale“ - „Кит“ на Дарен Аронофски.

Фрејзер глуми човек со екстремно вишок килограми кој се обидува да се зближи и повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Сега конечно сите можат да ги видат првите кадри и трансформацијата на актерот е, во најмала рака, неверојатна. Двајцата се оддалечија откако Чарли го напушти семејството за неговиот нов геј партнер, кој подоцна почина. Ликот на Фрејзер тогаш почнал да се прејадува поради болка и чувство на вина и станал морбидно дебел.

Инаку, филмот годинава ќе ја доживее својата премиера на фестивалот во Венеција, по што ќе се прикажува во кината ширум светот. Со него во филмот ќе игра и Сејди Синк, која публиката ја сакаше во популарната серија „Stranger Things“, а досега критиката е исклучително позитивна.

„Тоа ќе биде нешто што никогаш претходно не сте имале можност да го видите“, изјави Фрејзер за Unilad минатата година.

„Гардеробата, костимот... се е беспрекорно, гломазно... Ова е далеку од се што сум направил, но да не бидам скромeн - знам дека ќе има голем одзив во јавноста“.

Инаку, актерот минатата година се појави во споредна улога во филмот „No sudden movie“, додека „Whale“ е првиот филм од 2013 година во кој ја игра главната улога. Исто така, на претстојната листа на Фрејзер се улогите во вестернот на Мартин Скорсезе „Killers of the Flower Moon“ и како негативецот Гарфилд Линс/Фајфлај во „Batgirl“, кој ќе се емитува на HBO Max подоцна оваа година.

Да потсетиме дека Фрејзер исчезна од очите на јавноста откако го обвини за злоупотреба поранешниот претседател на Здружението за странски новинари во Холивуд, Филип Бурк. Поради овој инцидент, Фрејзер паднал во депресија. Наводно, Бурк се обидел да го бакне и за малку ќе успеал, а актерот тврдел дека потоа плачел „како дете“.

По овој скандал, кој поранешниот претседател на ХФПА го негираше, Фрејзер тврдеше дека ретко бил покануван на доделувањето на наградите „Златен глобус“ што го води контроверзното здружение.


„Не знам дали моето признание предизвика негодување кај HFPA. Но, тишината беше застрашувачка“, рече Фрејзер.

„Кога телефонот ќе престане да ѕвони во текот на вашата кариера, почнувате да се прашувате зошто. Има многу причини, но дали е ова една од нив? Мислам дека е“, објасни актерот во 2018 година, посочувајќи дека е на „црната листа“ на Холивуд.

Згора на се, актерот имал големи здравствени проблеми, па завршил во болница каде имал повеќе операции. Неговото лекување траеше седум години. Франшизата „The Mummy“ нанесе голема штета поради нехуманите услови за снимање, што само ги влоши постоечките проблеми.

Исто така, во 2007 година, тој помина низ тежок развод од неговата сопруга Афтон Смит, кој беше финализиран во 2008 година, но во 2013 година, Фрејзер побара намалување на неговата алиментација од 900.000 долари годишно бидејќи повеќе не заработуваше толку многу поради намалувањето во обемот на работа.

Фрејзер беше главна мета на потсмев и поради својот изглед повеќе пати, бидејќи повеќе не е холивудскиот заводник на кој е навикната публиката.

Дури и во филмот „Кит“ иако најчесто се работи за костим, јасно е дека актерот многу се здебелил.

Фото: Инстаграм