Се сеќавате ли на фотографија на која принцезата Дијана игра со Траволта: Што се крие позади неа?
Љубителите на кралското семејство и покојната принцеза Дијана добро се сеќаваат на моментот кога саканата принцеза играше со познатиот актер Џон Траволта во Белата куќа. Тоа беше во ноември 1985 година, а необичните партнери беа гости на тогашниот американски претседател Роналд Реган и првата дама Ненси Реган, пишува Би-Би-Си.
Тој носеше црно одело, а принцезата темносин фустан на дизајнерот Виктор Еделстајн, додека на вратот имаше ѓердан од сафир и бисери. Овој стајлинг откогаш стана симбол на принцезата Дијана.
Таа вечер, Дијана и Чарлс и понатаму изгледале како да ја претставуваат кралската романса од бајките.
„Тоа стана еден од најважните моменти на принцезата Дијана во очите на јавноста“ - истакнува Тејлор.
Принцезата Дијана и принцот Чарлс биле на вечера во Белата куќа првиот ден од нивната кралска турнеја низ Америка, покрај бројните познати гости, помеѓу кои биле Траволта, Нил Дајмонд, Том Селек, Есте Лаудер, Клинт Иствуд и Михаил Баришњиков.
Вашингтон пост тогаш пренесувал дека Дијана лично барала да бидат повикани Траволта, Иствуд и Дајмонд.
„Толку сум нервозен што чувствувам пеперутки во стомакот. Полесно би се соочил со публика од 20.000 луѓе“ - кажа за весникот Дајмонд.
Траволта подоцна за ABC News кажа дека тоа бил еден од најдобрите моменти во неговиот живот.
Откако Дијана и Чарлс се разведоа во август 1996 година, принцезата се откажа од некогашниот гламур од кралскиот живот и се посвети на хуманитарната работа.
Во јуни 1997 година, два месеци пред да почине во сообраќајка во Париз, поклонила 79 фустани кои ќе се продадат на аукција за добротворни цели - вклучувајќи ја и онаа која ја носеше во Белата куќа.
Аукционерот Тејлор очекувал американски купец да го освои овој фустан.
„Овој фустан е многу важен за Американците. Го носеше во Белата куќа кај Реганови, па за американски колекционер ова е клучно парче.“ - додава.