Забава // Музика и филм
Се сеќавате на грдата Бети? Се соблече пиштол гола и покажа дека е бомба
Колумбиската актерка Ана Марија Ороско ја толкуваше улогата на грдата Бети во сапунската серија на која се смееја сите. На оваа актерка и беше доверен лик на трапава, грдичка секретарка, кој на самиот крај се претвора од грдо пајче во прекрасен лебед. Се здоби со планетарна популарност со оваа улога, а серијата со исто име дојде до десет верзии. По оваа серија, Ороско доби стотици ангажмани кои не престанаа до денес.
Дека е сè уште убава и заводлива, се покажа со сликањето за магазинот Сохо, за чии потреби се разголе. Таа реши да покаже дека се чувствува одлично во сопствената кожа, што можеме и да видиме. Патем, Ана Марија е среќно омажена со музичарот Мартин Куаглија, со кого има две ќерки.