Сѐ уште не знаете што да подарите за Денот на вљубените: Идеалниот подарок сигурно ќе го најдете во брендовите на Fashion group
Денес е еден од најубавите денови во годината, денес ја славиме љубовта.
На 14 февруари ја славиме љубовта од сите аспекти, а на овој датум се слави и христијанскиот празник Свети Трифун, а каде има вино и љубов, таму започнува една магија на експлозија од чувства и воздишки.
Ако се‘ уште немате испланирано и немате идеа што да ѝ подарите на својата поубава половина за Денот на вљубените во брендовите Fashion group сигурно ќе го најдете вистинскиот подарок за неа.
Свети Валентин е синоним на секси долна облека, а сигурно најстилските и пред се‘ квалитетни парчиња ги има во Woman’s secret. Некои парчиња се и на намалување до 60%, па оваа можност не се пропушта.
Доколку сте партнер кој слуша внимателно и знае дека многупати партнерката посочила дека и е потребна чанта во црвена боја истата може да ја најдете во повеќе брендови на Fashion group, но еве неколку наши предлози:
Мала елегантна црвена чанта, парче кое треба да го има секоја дама.
Или доколку вашата партнерка, е повеќе љубител на поголеми чанти и поинтересни дезени тогаш може да се одлучите за чанта од брендот DESIGUAL.
А за оние дами кои преферираат мали чанти само за вечерни излегувања, чантата од брендот PARFOIS е совршен избор за вашата партнерка.
Имајќи во предвид дека живееме во време кога се‘ помалку имаме време за бирање подароци, тогаш подарете ваучер, со него нема како да погрешите. Што сака, кога сака партнерката ќе си одбере нешто и ќе си го купи со ваучерот.
На крајот, најважна е љубовта, но и подароците бидејќи тие се благороден гест, а доколку подарувате од срце тоа е како да подарите дел од себе и од своите чувства.
ПР објава
Фото: фреепик/Официјален сајт на Фешн груп
* кликнете на фотографиите за повеќе информации