Се венчаа на 103 години: Уживаат во животот
Новопечените младенци Џон и Филис Кук се венчаа во Домот за стари лица во Охајо.
Можеби тоа нема да биде невообичаено, ако Џон не беше ветеран од Втората светска војна, кој претходниот ден наполни 100 години, а Филис е три години постара од него, таа наполни 103 години на 8 август.
Минатата недела, тие решија да стапат во брак, затоа сами отидоа во општината за дозвола.
„Не планиравме да се венчаме во домот, но така ни предложија од општината. Реков 'Добро, ајде да завршиме со оваа“,изјави Џон за Си-Ен-Ен.
Сепак, тоа не била груба одлука. Тие се забавуваа цела година пред да стапнат на лудиот камен.
„Да ви ја кажам вистината, се вљубивме еден во друг. Знам дека мислите дека е малку несоодветно за некој на нашата возраст, но ние едноставно се заљубивме“,рече Филис.
И двајцата биле во брак двапати порано и ја пронајдоа својата трета среќа еден со друг.
„Ние сме компатибилни на многу начини и заедно уживаме во заедничкото друштво“, вели Џон.
Тие ги поминуваат деновите уживајќи со оброци, седат на сонце и се возат на мобилни скутери. Исто така, тие знаат дека на секој од нив им е потребен свој мир.
„ Секој има свој стан, тој е горе, јас сум под него“, рече Филис.
Двојката планира да ужива и да помине што е можно повеќе време заедно.