СЕ ВИ Е ОД ВРЕМЕТО: Ако ве боли глава, нервозни сте и нерасположени, причина е големата промена на температурите
Ако деновиве сте нервозни, летаргични, ве боли глава и се чувствувате нерасположени, тоа значи дека набрзо доаѓа до ненадејна промена на времето, односно дека од зимски ќе преминеме на привремен пролетен режим. Имено, човечкото тело и до два дена однапред може да насети дека доаѓа драстична промена на времето, па овие тегоби го најавуваат она што метеоролозите веќе го предвидоа - доаѓа топлотен бран со температури од близу 20 степени.
- На временските промени најчувствителни се средовечните жени, постарите лица од двата пола и хронично болните. Проблемите не се појавуваат секогаш истовремено со временските осцилации, тие често се појавуваат непосредно пред или по временските промени. Реакциите на телото се јавуваат од 4 до 48 часа пред претстојната промена на времето. Прилагодувањето на организмот на неповолните временски услови трае од 2 до 4 дена - велат лекарите.
Адаптација и метеоропатски поплаки
Според нив, секој организам реагира на промена на метеоролошките услови и потребно е одредено време да се прилагоди, во зависност од неговата чувствителност. Хроничните пациенти имаат зголемени поплаки при одредени временски услови.
- Кога има нагло зголемување на температурата на воздухот, човечкото тело реагира на промената, а најранливи се хроничните пациенти кои боледуваат од срцеви заболувања, висок крвен притисок, инфаркти, мозочни удари, астма и оние кои имаат бронхијална и др. заболувања. Честопати во вакви временски услови ризикуваат и невролошките пациенти, па се бележи зголемен број на епилептични напади - велат тие.
Дури и здравите луѓе ја чувствуваат промената на времето, а еве кој е најчувствителен
Покрај хроничните пациенти и здравите луѓе кои се чувствителни на временските промени - метеоропатија, постојат значителни метеоропатски реакции во форма на:
главоболки
замор или слабост
болка во мускулите
раздразливост
променливо расположение
Кај младите и здрави лица метеоропатските поплаки се благи и речиси незабележливи, додека кај постарите и хронично болните можат да бидат толку изразени што бараат посебен третман, а во некои случаи и хоспитализација.
Дека времето и тоа како влијае на расположението и здравјето, потврди и метеорологот Борис Секирарски на својот официјален фејсбук профил.