Се враќа 3x3 баскет турнирот во Скопје Сити Мол
Здружението “3×3 Basketball” Македонија заедно со Скопје Сити Мол, 09ти и 10ти јули организираат голем спортски спектакл, 3х3 баскет турнир. Ќе се одржува на просторот пред трговскиот центар. Заинтересираните “баскетболџии” ќе можат да се пријавуваат за турнирот на info@3x3macedonia.mk или на инстаграм профилот на 3x3macedonia
Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана на следните Олимписки Игри. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.
Овој настан се организира по трет пат на територијата на Република Македонија. На претходните турнири во Скопје Сити Мол учествуваа македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и други). Пријавувањето трае до 08 јули а максималниот број на пријавени екипи е шеснаесет.
Турнирот во баскет „3х3“ ќе се игра 09ти и 10ти јули а натпреварите ќе започнуваат од 17 часот и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда. Учесниците на турнирот ќе бидат потврдени во наредните денови.
Покрај официјалнот дел со натпреварите 3 на 3, од Скопје Сити Мол подготвуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн.
Ова е дефинитивно настан кој не смее да се пропушти! Се гледаме на 3×3 во Скопје Сити Мол!
ПР објава