Се враќа Лигата на шампионите, супер дерби, Интер - Барселона

По паузата поради настапот на репрезентациите, се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите.

Вечерва се играат средбите од 3-коло во сегментот А-Д, дерби во Милано, Интер против Барселона бара бодови на „Џузепе Меаца“.

„Овој натпревар доаѓа во тежок момент за нас, причина се резултатите од претходно, и особено мечот со Рома од кој заслуживме бодови и добар резултат. Свесни сме дека навивачите се нервозни и нестрпливи,сега играме против одлична екипа, Барселона е квалитетна во сите свои линии од тимот, ние треба да бидеме агресивни и одлучни, и да нападнеме во прав момент“ – рече Симоне Инзаги.

Во Италија сметаат дека ова може да биде последен меч на Симоне Инзаги на клупата на Интер, причина се слабите резултати.


Двојки за 3 коло Лига на шампиони-вторник:

Баерн Минхен – Викторија Плзен (18-45 ч.)

Олимпик Марсеј – Спортинг (18-45 ч.)

Интер – Барселона (21-00 ч.)

Ајакс – Наполи (21-00 ч.)

Клуб Бриж – Атлетико Мадрид (21-00 ч.)

Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем (21-00 ч.)

Ливерпул – Глазгов Ренџерс (21-00 ч.)

Порто – Баер Леверкузен (21-00 ч.)