Се врати со стил: Дали знаете колку чини блузата на Мијалков?

Завчера екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се пријави во судот. 

Тој рече дека имал температура, бил во изолација, ѝ се извини на целата македонска јавност. Јавно повтори дека никогаш нема да побегне. 

„Навистина ми е жал за ова што се случи“, рече тој. 

Настрана сите муабети за него периодов, Мијалков важи за човек со изграден стил на облекување. Најчесто тоа се костуми, но пред судот дојде облечен во релаксирана облека, фармерки и блуза.

Блузата е од брендот Долче и Габана, двоецот модни дизајнери кои се едни од најпознатите во светот. 

На реномираниот светски онлајн сајт за облека Clotbase оваа блуза чини 1,195 долари.

На официјалниот сајт на Долче и Габана, истата блуза само со V- израз чини 795 евра.


Р.М.М.

Фото: Фактор

Фото: Принтскрин- Youtube- 24 ексклузивно видео: Сашо Мијалков се пријави да си го земе решението за притвор