Се заљубил во дадилката на своето дете: „Разликата е 20 години, но таа не е спонзоруша“
Поради 20-годишната
разлика во години, нивната врска привлече внимание и критики
Една жена ја раскажала својата приказна за тоа како се заљубила во својот работодавец, иако на почетокот го мразела додека работела како дадилка за неговите деца. Критикувана поради ова, сепак одлучила да се омажи за него. Кога Кристл почнала да работи како дадилка за трите деца на Бен, не можела да предвиди дека меѓу нив ќе се развие љубов, пишува Mirror. Зборувајќи за каналот на YouTube Love Don't Judge, Бен призна: „Тоа не беше љубов на прв поглед“ Кристл пак рече: „Не можев да го поднесам. Беше многу арогантен и едвај ме поздравуваше“.
Но, се‘ се променило кога Кристл, која има син од претходна врска, еден ден дошла на работа дотерана и нашминкана. „Не можеше да го тргне погледот од мене, мислам дека тогаш се заљуби“, признала таа. Поради 20-годишната разлика во години, нивната врска привлече внимание и критики. Кристл, која сега има 32 години, рече: „Сите мислеа дека сум луда. Овој човек е 20 години постар од тебе, има три деца, за што размислуваш?“.
Бен, кој има 52 години, призна дека излегувал со многу жени пред Кристл и неговите деца биле „многу вознемирени“ кога дознале дека излегува со нивната „најдобра пријателка“ и дадилка. Отпрвин мислеле дека Кристл е само уште една жена во низата, но нивната врска брзо станала сериозна.
„Луѓето често претпоставуваат дека сум бил оженет и дека таа е дадилката што ме „зела“ од поранешната сопруга“, рекол Бен. Кристл објасни дека кога се запознале, таа имала 23 години, а Бен бил разведен десет години.
Посинокот на Кристл, Сал, признал дека нивната врска на почетокот била „чудна“, но сега ја прифаќа. „Кога првпат дознав дека татко ми и Кристл се забавуваат, дефинитивно бев изненаден. Дали тоа би бил мојот прв избор? Веројатно не. Разликата во години привлекува големо внимание - Кристл ужива во вниманието“, рече тој.
Фото и Видео: ТикТoк/Youtube