Седлоски: Горд сум на моите играчи, Динамо казнува секоја грешка, победи поради поголемото искуство

Динамо Загреб со голот на Аријан Адеми по само две минути игра во вториот дел, донесе победа за хрватскиот шампион на арената „Тодор Проески“.

Адеми погоди во 47 минута, во натпревар на кој и двете екипи имаа свои шанси на мечот. Динамо Загреб со вкупни 3-2 оди во следното квалификациско коло, поради победата во Скопје со еден гол.

И покрај елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампиони, тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски е задоволен од прикажаното против Динамо Загреб.

„На двата меча бевме рамноправни со Динамо Загреб, тие се великани, а ние покажавме дека имаме квалитет. Горд сум на моите фудбалери, покажаа карактер, а Динамо има поголемо искуство, ние не искористивме свои шанси, ќе беше поинаку ако поведовме, великан како овој клуб од Хрватска знаеше да не казни. Имаме нови предизвици сега, четири натпревари на кои ќе гледаме да ја оствариме својата цел“ – изјави Седлоски.

Следно за Шкупи е трето коло во квалификациите за Европа лигата, противник е Шамрок од Ирска, првиот натпревар е на програмата четврти август, реваншот во Скопје е седум дена подоцна.