Седлоски: Многу великани паднале пред Динамо, ние дојдовме да одиграме максимално, дали ќе биде тоа доволно...

Шкупи утре се среќава со Динамо Загреб, квалификации за Лигата на шампионите, првакот на Хрватска е голем фаворит, но фудбалот не би бил интересен, ако не се случуваат изненадувања.

Дали Шкупи може да направи првокласно изненадување ќе видиме утре, средбата се игра со почеток од 21 часот на „Максимир“.

На местото на успехот се враќа Гоце Седлоски, сегашниот тренер на Шкупи, и поранешен играч на Динамо Загреб.

„Убаво е чувството повторно да се биде тука на „Максимир“. Знаеме против кого играме, знаеме каков квалитет има Динамо, но ние дојдовме да се надигруваме, да го дадеме најдоброто од себе, дали ќе биде тоа доволно, ќе видиме. Знам како игра Динамо, играат напаѓачки и офанзивно“ – изјави ХРТ, Седлоски.